fbpx

36. недела

За само 4 недели доаѓа долгоочекуваниот ден. Вашата мала група клетки со секој нов ден е сè повеќе подготвена за живот во нови услови.  Најголемиот дел од системите се целосно развиени. Дали одлучивте каде ќе се породите? Осигурајте се дека го одбравте вистинскиот избор. Чинот на породување е нешто на што ќе се сеќавате во текот на целиот живот. Од голема важност е вашето здравје да го доверите на стручен и професионален тим.

 

Вашето бебе е со големина на диња

Просечната должина на бебето сега е околу 47 см, а просечната тежина околу 2600 грама.

Бебе во 36. недела

Со секој ден белите дробови сè повеќе се подготвени да работат независно.

Црниот дроб и бубрезите функционираат.

Системот за циркулација и имуниот систем се развиени целосно.

Плацентата старее и во последните недели не ја извршува својата функција толку добро како во по раниот период.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Во овој период можно е да чувствувате мало олеснување при дишењето, бидејќи бебето почнува да се спушта во малата карлица, со што се намалува притисокот на матката врз дијафрагмата и белите дробови.

Можни се болки во долниот дел на грбот, поради спуштањето на бебето во малата карлица.

Советуваме

Многу идни мајки се прашуваат што да очекуваат по породувањето? Прочитајте неколку информации на оваа тема.