fbpx

 

Д-р Ана Кацарска оваа среда одговори на најчестите прашања кои ги интересираат сите трудници за темата спонтано породување или царски рез. Присутните трудници имаа можност да се информираат за двата типа на породување, за предностите на спонтаното породување, за состојбите кои бараат бременоста да заврши со царски рез. Главниот интерес на сите трудници беа фазите на спонтаното породување, како започнува, колку трае, колкава е болката и како бебето го доживува раѓањето.

Нашите пријатели од Алкалоид на сите присутни трудници им подарија сет производи од нивната палета. Следната среда (19 јули) ќе се одржи бесплатно предавање за безболно породување и типови анестезија. Предавач ќе биде специјалист анестезиолог од Аџибадем Систина. Пријавете го вашето присуство на 02/ 30 99 500. Сите трудници ќе добијат симболичен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.