fbpx

Топло добредојде за Столе

Столе е најмалиот член на фамилијата Јанков. Мама Ленче и тато Сашко изразија голема благодарност кон д-р Елизабета Матевска и целиот персонал.

„Д-р Матевска е прекрасна докторка, со својата грижа и посветеност на 9 март нè направи најсреќни родители. Со толку професионален тим, посветеност и грижа, ја поминав бременоста во позитивна енергија и елан, а целиот тим на медицински сестри и доктори, болничари беа беспрекорно добри и од голема помош и едукација за нови родители какви што сме јас и Сашко “ – изјави Ленче.

Столе, добре дојде во нашето големо Acibadem Sistina Baby семејство. Ти посакуваме безгрижно детство и многу насмевки.