fbpx

Запознајте ја нашата Софија

Раѓањето на бебето е најубавото нешто што може да му се случи на едно семејство. Се раѓа нов живот, а домот се исполнува со радост, смеа, позитивна енергија. Со вакви убави чувства и емоции се запознаа и Симона и Даниел Илијоски на 30 септември, денот кога станаа горди родители. Токму на тој ден се роди малата Софија, нивната прва ќеркичка. За бременоста и породувањето одговорен бил д-р Павле Димчев, кому родителите му се неизмерно благодарни.
 
„Д-р Димчев е најпрофесионалниот и најпосветен доктор кој сме го запознале. Врвен лекар кој со својата стручност ни влеа силна доверба во текот на бременоста, но и на најбитниот ден за нас. Огромна благодарност и за целиот тим за љубезноста и посветеноста. Тие беа вистинска поддршка за нас. Сите тие се одговорни и придонесоа чинот на доаѓање на новиот член во нашето семејство да биде најпозитивното и најубаво искуство кое ќе го паметиме цел живот“ – сподели семејството Илиоски.
 
Софија, ти посакуваме топло добредојде!