fbpx

Започнува новиот циклус на предавања за идни родители на ZOOM

 

 

Драги идни родители,

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на третиот циклус бесплатни предавања за идните родители, кој стартува в среда, на 13 октомври 2021 година. И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини, нови теми и голем број подароци. Нашите доктори, медицински сестри и акушерки се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста.

В среда стартуваме со темата „ Ултразвучен скрининг во бременост –дилеми и предрасуди “, а предавач е м-р д-р Александар Бојаџиев, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе добиете совети за здрава исхрана во бременост бидејќи правилниот начин на исхрана за време на е многу значаен за здравјето на трудницата и бебето.

Новитет во овој циклус е тоа што предавањата се реализираат на платформата ZOOM, заради безбедност и почитување на ковид превентивните мерки.

Со задоволство ве очекуваме да се пријавите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и повторно во голем број, заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Почнувајќи од март 2015 година до денес, на нашите предавања многу трудници споделуваа свои искуства, среќни мигови, но и им поставуваа прашања на нашите доктори.

За секоја трудница која ќе го следи предавањето подготвуваме интересен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.

Пријавете се задолжително во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500 или на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на места е ограничен.

Подолу можете да ја погледнете целосната програма.