Совети за враќање во форма по породување
Со вежбањето по породувањето ќе постигнете многу повеќе од обично слабеење на телото.
Програма на постпородилни вежби
КЕГЕЛОВИ ВЕЖБИ: Оние трудници кои за време на бременоста имале проблеми со задржување на нагонот за уринирање треба да продолжат да ги прават овие вежби и по породувањето.
ПЕШАЧЕЊЕ: Со пешачење можете да почнете 10-15 дена по нормалното породување и 15-20 дена по породување со царски рез. Треба да пешачите со нормална брзина и без многу да се заморувате. Се препорачува првите 7-10 дена да пешачите по 8-10 минути, а подоцна временскиот интервал да се зголемува секој ден за 3-5-10 минути.
КОРСЕТ: Носењето корсет претставува причина за дополнително опуштање на стомачната мускулатура и поради тоа не се препорачува негово носење по породувањето.
Вежбите треба да се прават во удобна лежечка положба и пријатна атмосфера.
По породувањето со царски рез се препорачуваат вежби за затегнување на стомакот, вежби за дишење, за циркулација на стапалата, како и собирање и отпуштање на нозете, а сите овие вежби придонесуваат за подобрување и олеснување на работата на дебелото црево. По царскиот рез зголемената циркулација на дебелото црево ќе го олесни проблемот со создавање гасови.