fbpx

Говор: Кон крајот на втората година учи дека сè има свое име и постојано прашува „Што е тоа ?“. Комбинира по два-три збора.

Меморија: Може да се сети на познат предмет или лице без да го види или допре.

Совет: Не вршете притисок врз него да зборува. Прифатете го неговиот говор со гестови и пуштете го да изговара зборови кои се комплементарни со гестот.

Груби движења: Удира топка без паѓање. Се фаќа за решетки и се ниша. Се качува на стол, се врти и седнува. Трчањето уште е вкочането - слабо маневрира кога застанува и кога треба да се заврти трчајќи. Скока со двете нозе.

Хранење: Се учи да каже „Готово“ и „Уште“ при хранење.

Облекување: Охрабрете го детето да се соблекува само. Уште не може да погоди кој чевел на која нога оди.