Преглед: Задолжителна контрола кај педијатар за проценка на психо-моторниот развој. Прва посета на забар.
Говор: Кон крајот на втората година речникот на детето содржи околу 200 зборови.
Меморија: Го сфаќа значењето на зборовите „НАСКОРО“ или „ПОПЛАДНЕ“, но има ограничена претстава за денови и часови.
Груби движења: Сигурно е на нозе. Некои деца можат сами да се качуваат и да се симнуваат скала по скала, некои и повеќе сакаат да ползат. Сакаат да играат на звук на музика и се учат да го следат ритамот.
Хранење: Може да јаде сè што јадат и возрасните.
Совет: Охрабрувајте го да јаде со прибор. Насочете го кон здрава исхрана, избегнувајте ги благите производи.
Облекување: Кај некои деца веќе е време да се почне тренинг за контрола на изметот и урината. Кај некои, пак, е потребно дополнително време за созревање на моторните вештини и созревање на контролата на мокрењето.