fbpx

Сè за бебешките грчеви

Што се колики?

Детските односно бебешките колики кои претставуваат грчеви со стомакот кај детето се познати уште како и инфантилни колики. Се дефинираат како епизоди на плач кој траат подолго од три часа во денот и повеќе од три дена во неделата, кај инаку здрави новородени или доенчиња на возраст од две недели до четири месеци. Причините за коликите најчесто остануваат нејасни до крај, но значајно е дека кај само помалку од 5% од децата може да е основа на некое заболување како што се гастроезофагеален рефлукс, интолеранција на лактоза, алергија на протеини на кравјо млеко, анални фисури и друго....

бебешките колики кои претставуваат грчеви со стомакот кај детето

Некои медицински истражувачи одат до таму што сметаат дека коликите преставуваат една форма на еволуирана стратегија на измама: имено деца кои имаат грчеви добиваат и поголемо внимание од другите деца.

Проблемот со коликите е во тоа што тие може да предизвикаат пореметување на динамиката на доењето, вознемиреност и чувство на беспомошност кај родителите. Тие може да се причина и за краткотрајна анксиозност кај родителите особено кај мајката, непотребни ексцесивни посети на педијатар и лабораториски испитувања кај децата.

Кои се симптомите и кога се појавуваат?

Треба да се има во предвид дека сите бебиња може да имаат периоди на т.н. нервоза, но не и сите имаат колики. За колики зборуваме ако бебето плаче подолго од три часа дневно најмалку три пати неделно, ако ги мрда и прета со нозете, ги витка нозете и ги истегнува, ги стега рацете во тупаници, има гасови, кога плачот на бебето навистина звучи болно, а може и често да бљуцка после јадење.

Како да им помогнеме на малечките?

Третманот на коликите е генерално конзервативен. Пред се потребно е да се успокојат родителите. За бебето може да се користат вежби со нозете, како благо свиткување кон стомакот, држење на бебето на страна или на стомак. Се препорачува да му се зборува на бебето, да се земе во раце. Но не е сосема јасно дали овие активности имаат навистина некаков ефект или е само плацебо.

Постојат и некои медикаменти кои може да се дадат за смирување на коликите, но треба да се напомене дека не постојат лекови кои се и апсолутно безбедни и ефикасни во лекувањето на коликите. На пример симетиконот е безбеден, но не е ефикасен кај сите деца, дисикломинот е ефикасен, но не е безбеден. Ефикасна е комбинацијата на симетикон и пробиотик особено за деца родени со царски рез.