fbpx

Кои се задолжителните прегледи за секоја трудница

За време на бременоста, секоја трудница потребно е да врши рутински прегледи кај својот гинеколог со цел да го следи растот и развојот на плодот. Во одредени периоди од бременоста потребно е да бидат направени одредени скининзи со кои идната мајка ќе биде сигурна дека плодот се развива нормално со што ќе бидат исклучени низа аномалии и болести.

Првото предавање од новиот циклус едукативни средби беше наменето токму на оваа тема. Д-р Даниела Јованова ги информираше присутните идни родители за сите задолжителни прегледи и им објасни што се детектира при секој од скрининзите. По предавањето следуваше отворена дискусија за сите дилеми и прашања на присутните идни мајки поврзани за темата.

Следното предавање за идните мајки е „Како да се храните здраво во бременоста“ на кое предавач ќе биде д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог. Во прилог е и целата програма на предавања. Со задоволство ве очекуваме.