fbpx

10. месец

Свест: Може да ја одреди висината на предметите и нивните рабови.

Говор: Додава гестикулација на зборовите: мавта со раката кога ќе се каже "ПА-ПА", или ја врти главата кога се кажува "НЕ".

Фини движења: Држи молив и се обидува да црта. Го привлекуваат ситни предмети.

Груби движења: Оди со придржување за мебелот. Моментално паѓа и само се исправа. Седнува со сигурност во движењето.

Хранење: Најголемиот број бебиња имаат калориска потреба од 750-900 ккал дневно од кои пола треба да бидат обезбедени од млеко (мајчино или млечна формула)

Облекување: Може само да си ја симне капата. Во бањата игра со сапунот или со играчки.