Бременоста ми помина во страв, но, за среќа, Марија си доби терминска сестричка
Малата Марија, миленичката од неонатална интензивна нега, си доби сестричка. Се роди Калина, втора радост во семејството Коколански.
И за втората бременост се грижела д-р Гордана Петровска.
„По искуството со Марија, која се роди во 29. гестациска недела, со само 790 грама, цела втора бременост ми помина во страв. Се радував на секој следен ден од бременоста. Знаев дека сум во вистинските раце, но сепак првото искуство влијаеше на мене. За среќа, на Калина не ѝ се брзаше како на Марија, па уживаше кај мама 9 месеци. Зад нас се миговите исполнети со страв и солзи“ – сподели мама Кристина.
„Благодарност до целиот тим на ‘Аџибадем Систина’. Немам зборови за нивната професионалност, тие се нашето второ семејство“.
Најрадосна за пристигнувањето на Калина беше тригодишната Марија, која со нетрпение чекаше да ја земе во прегратки својата помала сестричка.
https://mail.acibademsistinababy.mk/alatki/34-majkite-raskazaa/854-kalina-kokolanski#sigFreeIdaf2bfcaa3b