Раст и развој на детето 30-36 месеци
30 - 36 месец:
Преглед: Редовен годишен преглед. Оди на забар на секои 6 месеци. Може да почне да прима флуориди за превенција на забен кариес.
Свест: Го разбира односот меѓу предметите. Ги разредува играчките според форма и боја. На тригодишна возраст има праволиниско резонирање и сè уште не може да ги согледа нештата од два агли.
Говор: Следи покомплицирана приказна и памети многу идеи од книгите. Точно ги именува боите.
Меморија: Повеќе се фокусира на активности како што се читање и цртање. Кажува колку години има, но не е свесно за тоа колку трае една година.
Совет: Не очекувајте детето да има перфектна дикција. Ако замуцкува дајте му пример зборувајќи бавно и смирено. Забавете го говорот и не му го свртувајте вниманието кон неговите потешкотии. Помогнете му на детето да употреби збор за да го изрази чувството.
Фини движења: Го држи моливот во позиција за пишување. Црта со креди и моливи. Црта хоризонтални вертикални линии, но и може да ги вкрсти. Може да користи ножички за хартија со надгледување од возрасен. Може да нареди проста сложувалка од поголеми парчиња. На тригодишна возраст детето има доволно координација да свири поедноставен музички инструмент.
Груби движења: Одењето станува слично со одењето на возрасните и детето оди на петица - прсти. Ги именува нозете кога се качува. Кога се движи може да извршува и друга активност, може да фрла топка трчајќи или да јаде сладолед одејќи. Се наведнува лесно без да падне. Удира топка во посакуваната насока. Добро вози велосипед.
Хранење: Апетитот флуктуира, понекогаш прескокнува оброк. Не му попуштајте со подготвување специјален оброк. Охрабрете го пристојно да се однесува на маса, да употребува прибор и да седи за време на целиот оброк. Во третиот роденден обично добро се служи со вилушка, но не ја изџвакува добро храната.
Извршување задачи: Вистински помошник на мама, мести кревети, чисти неред. Кога се наоѓа во кујната, сепак, му е потребно надгледување.