Ако во 20.недела едвај чекавте да ги почувствувате движењата на вашето малечко,сега не можете никако да ги пропуштите. Како што се зголемува плодот, тие стануваат сè посилни. Интересен е фактот што сега можете да чувствувате и кога бебето ика. Со растењето на плодот се интензивираат и проблемите со варење на храната, запек/хемороиди, киселини, често мокрење и сл. Дали направивте список со потребни работи за бебето? Сè уште не е доцна, но завршете го што порано, додека сè уште имате енергија да шетате по продавници.
Вашето бебе е со големина на тиквичка
Просечната должина на бебето сега е околу 38.5 см, а просечната тежина околу 1150 грама.
Бебе во 29.недела
На бебето му станува сè потесно во матката, па затоа неговите движења и клоцање понекогаш знаат да бидат и болни. Дали сте забележале дека бебето ика во стомакот ?
Резерви на масти се таложат под кожата
Коските на бебето се целосно развиени.
Предвремено родените бебиња во оваа недела имаат голема шанса да преживеат.
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Отоци - Можна е појава на отекување на стапалата, скочниот зглоб и потколениците. Отоците притискаат на нервите па може да доведе до осет на трнење и пецкање. Овие отоци најчесто се последица на задршката на течности и отежнатото враќање на крвта од венските садови, на кои во карлицата може да притиска матката. Тие обично се намалуваат по спиење и одмор. За да ги намалите отоците одморајте ги нозете во подигната положба, доколку можете пливајте, повеќе одморајте и избегнувајте да стоите долго. Доколку отоците не се повлекуваат по одмор и спиење, веднаш контактирајте го вашиот гинеколог.
Главоболка. Неспиењето, хормоните или ниско ниво на шеќер може да биде причина. Хранете се редовно.
Осетливи и зголемени гради. Со истегнувањето на кожата, таа станува поосетлива.
Болки/грчеви во нозете, грбот, карлицата.
Запек и хемороиди. Јадете храна богата со растителни влакна.
Проблеми со спиењето. Континуиран проблем.
Често мокрење. Зголемената матка притиска на мочниот меур.
Проширени вени. По породувањето се враќаат во првобитната положба.
Советуваме
Хранете се здраво. Намалете го внесот на сол, кој може да ви ја влоши состојбата со отоците.