40 недела
40 недели од вашата бременост или 38 недели од концепцијата. Вашето бебе може да тежи од 2900 па до преку 4000 грама. Запомнете, здравите бебиња доаѓаат во различни големини. Тоа е предусловено од генетскиот потенцијал за раст на вашето бебе. Секако вашиот гинеколог во текот на бременоста ќе детектира одредени состојби кои можат да доведат до застој во растот на плодот, како и состојби кои доведуваат до негов зголемен раст.
Не е потребно да се вознемирувате доколку терминот помине без да се појават контракции. Нормално е да родите неколку недели порано, па и една до две недели по терминот, исто како што е нормално да родите и на самиот ден на терминот.