Како правилно да измерите температура
Нормална телесна температура е температура до 37 C степени, измерена аксиларно или под пазувите или до 37,5 C степени измерена ректално, односно во аналниот отвор. Температурата може да се измери и орално, со ставање на топломерот во устата. Но сепак аналното и оралното мерење на температурата не се препорачуваат, бидејќи дечињата може да го скршат топломерот. Температурата измерена со повисока вредност од овие е зголемена телесна температура! И кај здравите деца, во текот на денот, постојат мали варијации над и под овие вредности. Температурата е најниска во раните утрински часови, а највисока во доцните попладневни часови, по оброк и по физичка активност (кога детето е активно, скока, трча). Затоа, телесната температура треба да се мери по завршената активност на детето, кога тоа е во состојба на мирување.
Најчесто се мери со живин термометар, под пазувите или аксиларно. Пазувата треба да биде сува, а термометарот да не ја допира облеката и да стои пет минути. Освен живините топломери се употребуваат и електронски, дигитални, кои се подеднакво сигурни и ефикасни за децата, но бараат искуство во мерењето, па се добива погрешен резултат или вредност на температурата.