fbpx

Се роди два месеци порано, уште еден NICU херој си оди дома

Малиот Антони едноставно не можеше да чека, па во 32-та гестациска недела реши да ги изненади мама и тато. Се роди два месеци порано, на 16 април со родилна тежина од само 980 грама. Првото бебе на Жаклина и Ардиан Гојани, на свет го донесе д-р Гордана Петровска. Заради малата родилна тежина бебето едноставно мораше да помине одреден период на неонатална интезивна нега, се дури на добие на тежина. За неговата состојба беше одгороврен д-р Душко Фидановски, педијатар, кој будно ја следеше неговата состојба 58 дена.  

Миленикот од NICU, бебето кое многу сака да се гушка сега со двојно зголемена тежина си оди дома.

Жаклина и Ардиан, иако не се од Македонија, два пати дневно во изминатите два месеци доаѓаа да го видат своето чедо. Љубовта која секојдневно ја примаше ова бебе беше неопходна за тој да расте и да биде во стабилна состојба.

Со солзи радосници, сестрите кои секојдневно се грижеа за него, се разделија со малиот херој. Антони има безгрижно детство и уживај во љубовта на најблиските.