fbpx

На вчерашното предавање идните мајки добија корисни совети за оралното здравје и за правилно одржување на телото во бременоста и бенефитот од физичката активност.

Предавањето претставуваше вистинска интерактивна средба каде покрај советите на докторите, со свои прашања искуства и дилеми настапија и присутните бремени жени. Најголемите дилеми на бремените жени поврзани со оралното здравје беа потенцијалната опасност од рендгенско снимање на забите во бременоста, вадење на заб или одредена интервенција во 9 месечниот период и периодот на доење.

Д-р Аница Хаџи Петрушевска ги поттикна идните мајки да бидат што е можно поактивни за време на бременоста, доколку за тоа им дозволува општата состојба. Бројните истражувања покажале дека жените кои се активни за време на бременоста, посебно оние кои биле физички активни или практикувале одреден спорт пред да забременат за пократко време се враќаат во форма по бременоста.

Ве покануваме на следната едукативна средба на тема спонтано породување или царски рез кое ќе се одржи на 17.02 (среда) од 19:00 до 20:00 часот. Предавањата се бесплатни и може да учествуваат сите идни родители.