fbpx

Со предавањето на д-р Ирена Шуплиновска Јордановска на 31.08 (среда) на тема задолжителни скрининзи за време на бременост започнува новиот циклус на предавања за идните родители. Погледнете ја програмата со распоред на темите за следните два месеци. Заедно со нас ќе бидат и нашите BABY пријатели кои секоја среда подготвуваат подарок изненадување за присутните трудници. За да се пријавите потребно е само да се најавите во Контакт центарот на 02/ 30 99 500. Со задоволство ве очекуваме да се дружиме и едуцираме за здрава и безбедна бременост.