25 октомври Билјана и Владимир ќе го паметат како еден од најсреќните денови во нивните животи. Токму на овој ден тие станаа побогати за уште еден член во семејството.
„Пресреќни сме! Му благодариме на д-р Никола Панчевски, кој ја водеше целата моја бременост и на свет го донесе нашето долгоочекувано трето дете, Себастијан. Стела и Стефан сега добија братче и можеме да кажеме дека сме комплетни“ – вели гордата мајка Билјана Панева-Парлеева.
Огромна благодарност гордите родители упатија и до целиот персонал на болницата „Аџибадем Систина“ за беспрекорната нега и посветеност кон пациентите.
View the embedded image gallery online at:
https://acibademsistinababy.spine.mk/novosti-2/34-majkite-raskazaa/815-sebastian-parleev#sigFreeIdc6beaf0824
https://acibademsistinababy.spine.mk/novosti-2/34-majkite-raskazaa/815-sebastian-parleev#sigFreeIdc6beaf0824