fbpx

Најголемите мечиња и 101 ружа за Калин и мама

Со најголемите мечиња, најшарените балони и 101 ружа Влатко дојде по малиот Калин и мама Дона. На 23 септември семејството Стојковски доби принова, малиот Калин. За целата бременост на Дона, одговорен бил д-р Никола Баџаков, кој бил постојано со нив во текот на целата бременост и покрај сите компликации, бронхитисот што го добила Дона во деветтиот месец и намалувањето на плодовата вода. За среќа, подорувањето поминало во најдобар ред. „Чиста десетка за најдобриот доктор на светот, д-р Никола Баџаков. Целата бременост ми помина одлично со него и покрај сите компликации на крајот, породувањето ќе го запаметам како еден од најсреќните мигови во мојот живот“ – објасни Дона.