fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Пуштете ја вашата омилена песна, во 34.недела бебето го препознава вашиот глас. Некои истражувања покажуваат дека песните што бебето ги слушало додека било во стомакот,  ги препознава кога ќе биде во надворешниот свет. Голем број идни мајки чувствуваат олеснување во дишењето бидејќи бебето полека се спушта во карлицата, па притисокот што го правело на белите дробови значително се намалува. Спуштајќи се во долниот дел на карлицата, прави поголем притисок врз мочниот меур, па оттаму се јавуваат честите нагони за мокрење.

 

Вашето бебе е со големина на голема тиква

Просечната должина на бебето сега е околу 45 см, а просечната тежина околу 2140 грама.

Бебе во 34.недела

Го препознава вашиот глас.

Се зголемува количината на урина што ја испушта.

Белите дробови се во крајна фаза на својот развој.

Тежината на постелката изнесува 1/6 од тежината на бебето.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Замор. Неспиењето, тешкото дишење и тежината на трудничкиот стомак предизвикуваат замор.

Проблеми со варење на храната, запек, хемороиди. Пијте доволно течности.

Потење на дланките и стапалата.

Често мокрење поради притисокот на матката врз мочниот меур.

Советуваме

Прееклампсија е состојба што се јавува исклучиво во бременоста и резултира со висок крвен притисок, зголемено присуство на протеини во урината и отоци. Се јавува кај 3-8 % од бремените жени и тоа најчесто по 20. недела од бременоста, а може да се појави и за време на породувањето или неколку дена по породувањето. Најчесто се јавува во блага форма која бара редовно следење и контрола на бременоста. Во случај на тешка форма, може да биде причина за предвремено раѓање. Од голема важност е ваквата состојба веднаш да биде третирана бидејќи во спротивно може да доведе до сериозни компликации по здравјето на мајката и плодот.