fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Во 38.недела бебето е целосно подготвено за живот во надворешната средина. Органите и системите се развиени и функционираат. Дали ја одбравте здравствената установа во која ќе ја дочекате првата насмевка на вашето малечко? Чинот на породување останува во вашите сеќавања, па потрудете се со позитивна енергија да ги очекувате првите знаци кои го навестуваат породувањето.

 

Вашето бебе е со големина на тиква

Просечната должина на бебето е околу 50 см, а просечната тежина околу 3000 грама.

Бебе во 38.недела

Вашето бебе е спремно за породување.

Цревата се исполнети со првата столица (мекониум).

Обемот на главата и обемот на стомакот се приближно еднакви.

Симптоми кои најчесто се присутни оваа недела

Повремени отоци на стапалата и дланките се чести симптоми во подоцнежната бременост. Обично, по одмор истите се намалуваат. Сепак, следете ја состојбата. Доколку и по извесен одмор не се повлекуваат разговарајте со вашиот гинеколог.

Во овој период можно е поинтензивно да се јавуваат лажни контракции кои треба да ги разликувате од родилните. Прочитајте повеќе за Braxton Hicks контракциите и дознајте како да ги разликувате од вистинските родилни контракции.

Полесно дишете. Бебето се спрема за породување и е спуштено во малата карлица. Белите дробови и дијафрагмата се ослободуваат од притисокот кој го правеше вашето бебе, па ќе почувствувате дека можете полесно да земете воздух и да издишете.

Често мокрење. Спуштениот плод во малата карлица се повеќе прави притисок на мочниот меур, па оттука и честата потреба за мокрење.

Советуваме

Во последните недели од бременоста од голема важност е да ги слушате препораките на гинекологот. Во овој период од голема важност е следењето на бебето и контракциите на матката. За таа цел по препорака на гинекологот ќе треба да правите почеста кардиотографија (CTG). На ултразвук гинекологот ќе ја следи количината на плодовата вода.

Следете ги движењата на плодот. Во овој период тие стануваат се поретки бидејќи плодот го зафаќа речиси целиот простор во матката, па не може да прави слободни движења како оние на почетокот.