Задолжителни скрининзи во бременоста
Со предавањето за Задолжителни скрининзи во бременоста го започнавме новиот циклус на предавања за трудници. За сигурна и здрава бременост гинеколозите препорачуваат да се направат неколку задолжителни скрининзи со цел навремено да се детектираат одредени состојби кои можат да ја загрозат бременоста. Предавањето на тема кои скрининзи се задолжителни во бременоста и оваа недела предизвика голем интерес од страна на идните родители. Д-р Ирена Шуплиновска Јордановска на присутните им даде објаснување зошто одредени скрининзи се од голема важност за здравјето како за мајката така и за бебето. На предавањето беа посочени клучните скрининзи кои се задолжителни во трите тиместари од бременоста. Главен акцент на предавањето беше делот наменет за прашања на трудниците.
Ве покануваме следната среда да бидете дел од предавањето на тема Како да се храниме здраво во бременоста, каде што специјалист диетолог ќе ги презентира сите информации поврзани за здрава бремност. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани. Потребно е само да го регистрирате вашето присуство на 02/ 30 99 500.
https://mail.acibademsistinababy.mk/5-nedela/33-novosti/560-predavanja-31082016#sigFreeId193739da8f