Бескрајно благодарни на д-р Иванов
Уште едно мало девојче стана член на нашето големо Acibadem Sistina Baby семејство. Малата Ања, втората среќа на Марија и Марио.
„За целата бременост и породувањето одговорен беше д-р Јорданчо Иванов, доктор кому сме му бескрајно благодарни. Тој е најдобриот човек и доктор кој сме го запознале. Неговата посветеност во текот на целата бременост ни беше од особено значење и огромна поддршка за и по вторпат да ни донесе среќа, нашата Ања. Благодарност и до целиот тим на Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ за целокупното позитивно искуство“- изјави Марија.
Гордите родители велат дека целиот тим придонел моментот на доаѓање на новиот член во семејството да се доживее како најубаво, најпозитивно и посебно чувство, кое ќе остане во нивните сеќавања за цел живот. Објаснуваат дека по раѓањето на Матео, пред неколку години, биле сигурни дека „Аџибадем Систина“ ќе е нивниот повторен избор.
https://mail.acibademsistinababy.mk/5-nedela/34-majkite-raskazaa/850-anja-ilkovska#sigFreeIda174acec78