Нашите херои – сестрите од неонатална интензивна нега
Нема подобар персонал од медицинските сестри на Oдделот на неонатална интензивна нега. На скалата од 1 до 10 тие треба да добијат оценка 20, сигурeн во својата одлука коментира брачниот пар Трајковски.
„Персоналот овде е навистина професионален. Благодарност до сите доктори и сестри од овој оддел. Тие ни беа нашата најголема поддршка и најголема утеха во моментите кога си заминувавме дома без Иан. 46 дена беа со нас и ни ветуваа дека многу наскоро ќе си одиме дома сите заедно. За родителите на Nicu бебињата тие се најголемите херои, кои неуморно и со многу посветеност секојдневно се борат за животот на нашите бебиња. Нè учеа како да го држиме и како да се грижиме за нашето бебе. Посебна благодарност и до д-р Даниела Јованова и до нашиот педијатар д-р Антони Христовски“ – велат со солзи радосници Мартина и Бошко.
Мартина се породила на 4 ноември во 28. гестациска недела од бременоста. Родила машко бебе со тежина од 1330 грама и должина од 40 сантиметри.
„Медицинските сестри се грижеа за нашиот Иан со истата љубов и посветеност како што се грижевме и ние. Многу често и ние родителите сме подеднакво кревки како и нашите бебиња, па и нам ни е потребна поддршка. Тие беа постојано тука за нас, а ќе бидат и уште долго време. А персоналот има задолжение да се справи со сите предизвици со кои се соочуваат.“
А пред влезот на одделот нестрпливо седеше едно слатко девојче и постојано погледнуваше на часовникот.
„Дали е подготвен мојот брат за дома, уште колку време треба да го чекам Иан?“ – нестрпливо прашуваше 7-годишната Ина. Таа своето братче чекала да го види 46 дена по раѓањето.
Иан е уште еден наш голем NICU-херој, сега тежок 1.870 грама си оди дома, да ужива во прегратките на мама, тато и дада.
https://mail.acibademsistinababy.mk/5-nedela/34-majkite-raskazaa/851-martina-trajkovska#sigFreeId54cbb76270