fbpx

Запознајте ја малата Мила

Ова мало бебе е Мила, прва радост на Оливера и Бојан. Се роди на 17 февруари и донесе неопислива радост во семејството Трипуноски.

„Би сакале да изразиме огромна благодарност до сите вработени во Клиничката болница 'Аџибадем Систина', а особено до д-р Павле Димчев. Прекрасен доктор и човек професионалец. Среќни сме што покрај нас во овој период беа исклучително професионални и посветени доктори, медицински сестри и помошен персонал“- објаснува Оливера.