fbpx

Едукативно предавање за природно породување и царски рез

На вчерашната едукативна средба д-р Александар Бојаџиев, гинеколог – акушер од  „Аџибадем Систина“  упати стручни пораки и совети во однос на двата начини на породување. Присутните идни родители имаа можност да слушнат важни информации за предностите на спонтаното породување, фазите на породување, знаци и подготовка за породување, што да очекувате за време на породувањето и сл. Составен и најважен дел од овие средби е делот наменет за прашања и одговори, каде се споделуваат искуства со цел да се надмине стравот и неизвесноста од чинот на породувањето.