fbpx

Воспоставување на менструалниот циклус по породување

По породувањето кај жената се јавува крвавење, кое не е менструално и кое се очекува да престане до 6 недели по породувањето. Но, секој организам е различен, така што отстапките од ова крвавење, не значи дека треба веднаш да алармираат проблем. За сите промени кои ви се случуваат потребно е да го информирате вашиот гинеколог.

По овој период следува период на лактациска аменореа, односно изостанок на менструалниот циклус заради воспоставување на доењето. Појавата на првиот циклус зависи од неколку фактори меѓу кои доењето, фрекфенција на доењето, прекин на доењето и др.

Повеќе информации на оваа тема дознајте од гостувањето на д-р Ирена Шуплиновска Јордановска.