Малиот Лука по 46 дена на интензивна нега си оди во прегратките на мама и тато
Насмевки на лицето, очи полни солзи радосници и желба за да се надополни изгубеното време. Таква беше сликата денес во Одделот за неонатална интензивна нега каде ги запознавме Магдалена и Александар, горите родители на малиот Лука. Роден во 29. гестациска недела, со тежина од само 980 грама, денес големиот јунак си оди дома. Сега тежи 1.950 грама и е вистински мал борец. Медицинските сестри, пак, објаснуваат дека среќни се што малиот Лука си оди дома, но и чувствуваат тага што нивниот миленик се разделува од нив.
„Презадоволни сме за грижата на нашето првенче, д-р Симонида Спасевска и медицинските сестри од овој оддел се грижеа беспрекорно за нашето малечко. Среќни сме што конечно по речиси 50 дена ќе можеме да го гушнеме нашето дете. Тој е нашиот најголем новогодишен подарок. Дојде на свет многу порано, дури два месеца, но донесе вистинска радост“- објасни семејството Семенови.
https://mail.acibademsistinababy.mk/alatki/merac-kontrakcii/34-majkite-raskazaa/869-maliot-luka-po-46-dena-si-odi-doma#sigFreeId303eb82510