fbpx

Нетрпеливи сте пред прегледот и едвај чекате да дознаете што се случува со вашето бебе. Во овој период ембрионот се храни од хорионот, додека плацентата не ја преземе својата функција. Виталните органи се развиваат. Ова е најчувствителната фаза од развојот на плодот. Тоа подразбира максимално избегнување на сите штетни фактори, почнувајќи од лекови, алкохол, цигари, хемикалии, вакцини, па сè до инфекции со микроорганизми. Дали веќе се замислувате како ќе изгледате со трудничкото стомаче?

Вашето бебе е со големина на боровинка

Двојното зголемување на големината од минатата недела укажува на брзиот развој што го доживува ембрионот. Сега вашето бебе е со должина од 7-9 мм.

Вашето бебе во седмата недела 

  • Создава околу 100 нервни клетки секоја минута
  • Мозокот и срцето стануваат сè  покомплексни
  • Се развиваат бубрезите
  • Формирани се зглобовите на рацете и нозете

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Мачнини. Бидете трпеливи. Хормонските пормени ќе се нормализираат во вориот триместар

Зголемена желба / одбивност за одреден вид храна. Можете да направите отстапки и да пробате храна што ја посакувате, но гледајте во вашата исхрана да преовладува здрава храна

Често мокрење Иако сте на почетокот на бременоста, вашата матка е двојно зголемена и прави притисок на мочниот меур.

Зголемено лачење плунка – И ова е предизвикано од хормоните

Чувствителност- не само што хормоните се надвор од колосек, туку и вие сèуште се обидувате да сфатите дека сте бремени.

Советуваме

Со вашиот гинеколог ќе направите план за водење на бременоста. Во првиот триместар потребно е да се направи крвна група и Rh фактор, крвна слика, анализа на урината и уринокултура, како и ПАП тест и микробиолошки брисеви.

Прочитајте кои се другите задолжителни прегледи во бременоста.