fbpx

Релаксирајте се со јога вежбите во бременоста

Јогата е вештина која потекнува од древна Индија и која се проучува и применува повеќе илјади години. Зборот Јога доаѓа од санскритскиот збор योग- "Yuj", кој означува унија, рамнотежа и хармонија. Во таа смисла, целта кон која се стремиме вежбајќи јога е да постигнеме хармонија односно рамнотежа помеѓу телото, умот и душата.

Јога за бремени жени (пренатална јога)

Јогата во бременоста може да биде одличен начин мајките да се подготват за породување. Hatha  (нежност) јогата е најдобар избор за бремени жени. Ако сте бремени и во потрага по начини да се релаксирате или останате во форма, можете да практикувате пренатална јога. Овој вид на вежби исто така може да влијае многу позитивно на вас како и врз здравјето на вашето бебе. Пред да почнете со пренатална јога, добро е да се запознате со безброј позитивните бенифиции, како и нејзините безбедносни совети.

Придобивките од пренатална јога

Пренатална јога е повеќестран приод кој опфаќа истегнување, ментално фокусирање и  фокусирање на дишењето. Бројни истражувања докажуваат дека пренаталната јога е безбедна и може да имаа многу бенефиции за бремените жени и нивните бебиња.

Пренаталната јога е полезна од голем број аспекти :

- Подобрување на спиењето

- Намалување на стресот и анксиозноста

- Зголемување на силата, флексибилноста и издржливоста на мускулите кои се потребни за породување

- Намалување болка во долниот дел на грбот, гадење и главоболки 

- Го регулира дишењето

- Намалување на ризикот од предвремено породување, бременост хипертензија индуцирана и интраутерино ограничување на растот - состојба која го забавува растот на бебето

- Пренатална јога, исто така, може да помогне при социјализирање на бремените жени и да го намали стресот за ново очекуваниот  родител.

Што може да научите на часевите?

Дишење.  Фокусираност на дишењето. Техниките на дишење можат да помогнат во управувањето на дишењето во текот на бременоста.

Нежно истегнување. На часевите ќе научите како правилно да го истегнувате и поставувате вашето тело.

Релаксација. Исто така можете да бидете охрабрени од вашиот јога иннструктор да го слушате вашето сопствено дишење и да обрнете поголемо внимание на вашите чувства, мисли и емоции, или пак да повторувате некоја мантра или збор да се дојде до состојба на самосвест и внатрешен мир.

Пред да одлучите на присуствувате на јога вежбите разговарајте со вашиот матичен гинеколог. Тој најдобро ја познава вашата состојба и единствено тој треба да ви даде согласност дека можете да ги посетувате часовите.

Јога вежби во Аџибадем Систина

Во рамките на пакетите за породување во „Аџибадем Систина“ се спроведуваат и часови по пренатална јога водени од професионален јога - инструктор. Часовите се одвиваат во посебно уредена сала на Одделот за физикална терапија и рехабилитација.